Македонија има тројца сигурни учесници на ЛОИ во Париз


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз ќе се одржат ова лето, а Македонија ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи кои имаат сигурно учество.

Еден од нив е македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој на 10 август ќе се натпреварува на маратонска трка во Париз.

На игрите ќе настапи и таеквондистката Милијана Рељиќ, која претходно освои златен медал на Европското клупско првенство.

Трет учесник на Македонија на ЛОИ во Париз е стрелачката Анастасија Мојсовска која оваа година оствари нов македонски рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови.