ФФМ побара казна за албанскиот фудбалер кој ги пцуеше Македонците (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку по натпреварот против Хрватска ги навреди Србите и Македонците, а ова предизвика реакција и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ФФМ испрати допис до УЕФА и побара казна за Даку, а воедно и извинување од албанскиот репрезентативец.

„Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за неговото однесување. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат инцидентот и да преземат дисциплински мерки“, соопшти ФФМ.