Мрежите мируваа во дербито, Франција и Холандија без муниција (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Холандија и Франција ремизираа во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП) и направија чекор напред кон осминафинале на турнирот.

Натпреварот почна во фантастично темпо и во првите дваесетина минута се редеа шанси на двете страни. Најголемата шанса за Французите ја имаше Адриен Рабио кој излезе сам пред голманот на Холандија, но реши да му додаде на Гризман.

Во второто полувреме Чави Симонс го совлада Мењан, но голот беше поништен поради офсајд, а до крајот на средбата двете екипи останаа без муниција.