Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалија славеше со 3-0 против Турција во второто коло на Европското првенство (ЕП), а Кристијано Роналдо постави нов рекорд.
Во 21. минута по прекрасна акција од десната страна Бернардо Силва постигна гол за 1-0, а само седум минути Турците си постигнаа бизарен автогол.
Во второто полувреме Роналдо избегна офсајд замка и излезе сам пред голманот, па му асистираше на Фернандеш за конечни 3-0. Роналдо со асистенцијата до Фернандеш стана најдобар асистент во историјата на европските првенства.