Ѓоковиќ, сепак, ќе игра на Вимблдон!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон, иако неодамна направи операција на менискусот по повредата на Ролан Гарос.

По операцијата во Париз му се предвидуваше долга пауза, меѓутоа Србинот успешно се врати на тениските терени и веќе тренираше на Вимблдон.

„Се чувствувам добро“, им кажа Ѓоковиќ на новинарите по денешниот тренинг.

Организаторите на Вимблдон во меѓувреме го најавија Србинот како втор носител, зад првиот тенисер во светот Јаник Синер.