До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона го продолжи договорот со една од своите најголеми ѕвезди, потврдено е на страната на клубот.
Одличниот бразилски напаѓач во јули потврди дека ќе ја продолжи верноста со Барселона, а своето ветување не го погази и денеска официјално стави параф на нов договор со што за каталонскиот клуг ќе го обврза до 2021 година.
„Барселона има неверојатни играчи. Пред да дојдам во клубот бев само малку уплашен. Но кога стигнав сфатив дека тоа се скромни момци. Одлични соиграчи, а станаа и мои пријатели“, рече Нејмар по потпишувањето на новиот петгодишен договор.
Нејмар од сега во Барселона ќе заработува 25 милиони годишно, а доколку некој биде доволно „луд“ да го доведе ќе мора на каталонскиот гигант да плати астрономска оштета.
Оштетата во првата година ќе изнесува 200 милиони, а веќе во втората ќе биде 222, а во последните три години дури 250 милиони евра.
Да потсетиме, Нејмар во Барселона стигна во 2013 година од Сантос.















