Јамал: Не сакам споредби со Меси, тој е најдобар во историјата!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал воодушеви за неговата селекција на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Јамал игра фантастично, а тоа предизвика споредби на младиот и талентиран играч со легендарниот фудбалер на Барселона, Лионел Меси.

„Меси е најдобар фудбалер во историјата и не сакам да ме споредуваат со него. Никој не може да се спореди со него, а не пак јас кој сега ја почна кариерата. Ќе бидам среќен ако остварам половина од работите кои му успеаа на него“, кажа Јамал.