Голманот на Португалија постави два рекорди на ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Диого Кошта беше одличен на голот на Португалија и помогна во пласманот во четвртфинале на Европското првенство (ЕП).

Кошта имаше неколку добри интервенции за време на натпреварот, а потоа им одбрани и три пенали на фудбалерите на Словенија.

Голманот беше прогласен за играч на натпреварот, а исто така стана прв голман со три одбранети пенали во серија на ЕП, како и прв чувар на мрежата кој не примил гол во пенал-рулет на турнирот.