Ѓоковиќ се скара со навивач: Нема да дозволам некој да ме понижува!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во мечот против Џејкоб Фирли со 3-1 во сетови и се пласира во третото коло на Вимблдон.

Натпреварот на Ѓоковиќ го одбележа и караница со еден навивач на трибините, по што побара реакција од супервизорот.

„Не сакаше да ме погледне кога му се обратив, гледаше само во телефон. Мене ми се случуваат некои работи секој натпревар, а во 95 отсто од случаите тоа го толерирам. Сепак, кога некој ќе ги премине границите, јас реагирам. Нема да дозволам некој да ме понижува“, кажа Ѓоковиќ.