Ибрахимовиќ во Милан носи бивш голгетер на Јувентус

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората наскоро се враќа во Италија, каде што ќе го носи дресот на италијанскиот вицешампион Милан.

Медиумите пишуваат дека „виновник“ за овој трансфер е Златан Ибрахимовиќ кој лично му се јавил на Мората и го убедил да потпише договор.

Милан сакаше да го ангажира Џошуа Зиркзе, меѓутоа талентираниот фудбалер е пред преселба во Манчестер јунајтед.

Мората има откупна клаузула од 13 милиони евра во договорот со Атлетико Мадрид, па тоа ќе биде и потешкиот дел за Милан во преговорите.

Шпанецот наводно ќе прифати договор на три години со плата од четири милиони евра по сезона.