Куцка се „распука“ на крај, Струга со пораз се враќа од Братислава (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Струга Трим Лум загуби на гостувањето (2-4) кај Слован Братислава, иако одигра храбар натпревар и се враќаше од негатива од два гола (0-2) во квалификациите за Лигата на шампиони.

Владимир Вајс погоди за 1-0 во 16. минута, а набрзо стрелаше и Роберт Мак за предност од 2-0 на Слован Братислава.

Бесарт Ибраими во вториот дел со два гола ги врати стружани во игра, меѓутоа Јурај Куцка во финишот погоди двапати со глава за конечни 4-2.

Реваншот меѓу Струга и Слован се игра за седум дена во Македонија.