Кејн: Ова е наш момент да испишеме историја!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Англискиот напаѓач Хари Кејн беше еден од стрелците во победата на неговата татковина против Холандија (2-1) во полуфиналето на Европското првенство (ЕП).

Кејн погоди од пенал, а по пласманот во финале кажа дека е горд на неговите сонародници и може да испишат историја.

„Ни остана уште еден натпревар. Мислам дека бевме подобриот тим на теренот, заслуживме да победиме. Имаме уште еден натпревар за да испишеме историја“, кажа Кејн.

Англија и Шпанија ќе се соочат во финалето на ЕП в недела од 21 часот.