Цветаноски промовиран во Железничар: Ова е чекор напред!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски се пресели во босанскиот тим Железничар со кој потпиша двегодишен договор.

Цветаноски во минатата сезона одигра 25 меча за Брера Струмица, а притоа постигна четири голови и четири асистенции.

„Првите впечатоци се одлични, слушнав убави зборови за клубот. Имаат одлични навивачи. Разговарав со неколку мои пријатели кои играат во ова првенство, ми кажаа добри работи и ова го сметам за чекор напред во мојата кариера“, кажа цветаноски.