Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 3-0 во сетови, односно 6-2, 6-2 и 7-6 против Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.
Ѓоковиќ кажа дека е разочаран од поразот, но му честиташе на Алкараз за одличната игра на теренот.
„Ова не е резултатот што го посакував, особено во првите два сета. Нивото на тенис не беше на ниво од моја страна. Во моментов сум малку разочаран. Но кога зборуваме низ што поминав со мојот тим и семејството, мора да кажам дека сум задоволен. Беше мојот детски сон да играм овде“, кажа Ѓоковиќ.