Аргентина и Шпанија ќе играат „Финалисима“


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Европскиот шампион Шпанија и освојувачот на Копа Америка, Аргентина ќе се соочат за една година во мечот наречен „Финалисима“.

Шпанија го освои европскиот трон со победата против Англија од 2-1, додека Аргентина ја совлада Колумбија со 1-0.

Натпреварот ќе се одржи во Јужна Америка, но сè уште не е познат датумот на „Финалисима“, пишува шпанскиот медиум „Марка“.

Според шпекулациите, спектаклот се очекува да биде одржан на крајот на јуни или почетокот на јули, но за тоа се чека дополнителна потврда.