Микел Ојарзабал – за некои херој, за некој предавник!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Последниот гол за шампионска титула на Шпанија го постигна Микел Ојарзабал и стана херој за голем дел навивачи, но во неговиот роден град го сметаат за предавник.

Неговата мајка не смее од срам да излезе на улица, додека Шпанија го слави успехот и четвртата титула на Европските првенства.

По победата на Шпанија во финалето се појави навредлив транспарент на фасадата на зградата градот во Баскија каде што живее мајката на фудбалерот.

„Забрането играње за Шпанија“, пишува на транспарентот и пречкртано е шпанското знаме.