„Благодарам на Бога што не ја прифатив нивната понуда“

    Колумбискиот напаѓач Карлос Бака во ова лето имаше многу понуди, но на крајот се одлучи да остане во Милано.

    Бака во минатото лето стигна на Сан Сиро од Севиља и во својата прва сезона беше најдобар стрелец на Росонерите.

    Сепак, Бака на крајот на сезоната беше незадоволен од амбициите на клубот, и имаше знаци дека ќе го напушти клубот во ова лето.

    Колумбиецот имаше неколку понуди, а дури се зборуваше дека ќе ја продолжи кариерата во Вест Хем, и дека се е завршено со лондонскиот клуб.

    И кога се очекуваше да потпише за екипата на Славен Билиќ на крајот Бака не се појави на лекарски прегледи.

    „Останувањето во Милано е најважна можна одлука која што ја направив. Благодарам на Бога па не отидов во Вест Хем. Во оваа екипа имам важна улога и се чувствувам како лидер. Вест Хем се мачи во оваа сезона и добро е што не отидов таму“, рече Бака.