“Челси е мал клуб“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Уругвајскиот напаѓач кој играше за Манчестер Јунајтед, Диего Форлан, рече дека Челси е мал клуб.

    Во пресрет на дербито меѓу Јунајтед и Челси, Форлан дополнително ја подигна атмосферата, велејќи дека тимот од јужниот Лондон е мал клуб.

    „Челси е мал клуб, ни приближно како големите Арсенал и Ливерпул. Како  вчера да беше кога Рој Кин ме побара да ми објасни кој е Челси“, рече Форлан, па објасни:

    „Додека бев во Јунајтед Роман Абрамович го купи Челси и тогаш почна да се раѓа амбицијата за еден од најсилните тимови на светот. Жозе Мурињо беше главен на тој проект, но стана менаџер дури кога замина од Англија“.

    Форлан рече дека Мурињо е икона на Челси и дека успеа од мал клуб да направи шампион на Англија.