Надал се премислува: Не знам дали ќе игра на Ју-Ес Опен


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал требаше да настапи на Ју-Ес Опен, меѓутоа не е сигурен дали ќе се случи тоа.

Надал призна дека се пријавил на турнирот, но тоа го направил за да има време да размисли дали ќе заигра.

„Морав да се пријавам за да имам шанса да одлучам потоа. Ништо не е променето за мене. Ќе решам по Олимписките игри. Ќе играм и на Лејвер купот, но не сум сигурен за Њујорк“, кажа Шпанецот.

Ју-Ес Опен ќе почне на 26 август, а Надал досега освои четири пехари на турнирот.