До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез синоќа ја прими наградата Златна копачка за најдобар стрелец во минатата сезона.
Напаѓачот на Барселона во минатата сезона посртигна 53 погодоци и убедливо стигна до Златната копачка.
Сепак, Уругваецот после доделувањето на наградата со својата изјава ја повика ФИФА, и објасни на сите зошто никогаш нема да ја освои Златната топка.
“Златна топка? Па нормално дека сакам да ја освојам таа награда, но свесен сум дека тоа никогаш нема да се случи без оглед како играм. Таа награда е се во маркетинг и спонзори. Тоа повеќе се гледа на популарност на некој играч отколку што направи на терен. Јас и не сум толку популарен во светот на фудбалот и поради тоа никогаш нема да бидам прогласен за најдобар играч на светот.
Моите амбиции се да ја освојам Лигата на шампионите, тоа би било одлично“, рече Суарез.
Во минатата година Барселона ги освои речиси сите трофеи, а тогаш блескаше тандемот МСН.
Сепак, сите беа изненадени што Суарез не беше меѓу тројцата најдобри играчи на светот иако беше еден од најзаслужните за трофеите на Барса.
Со тој потег донекаде и ја потврди неговата теорија.















