Братот на Никола Јокиќ заврши во полиција


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека Страхиња Јокиќ, братот на кошаркарот Никола Јокиќ, бил приведен од полицијата во Денвер.

Страхиња е обвинет за напад од трет степен по инцидентот кој се случи на дуелот меѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс.

Камерите го снимија Страхиња како нокаутира навивач на Лејкерс, а тоа би можело скапо да го чини братот на кошаркарот на Денвер.

„Не сакав да поднесам пријава, но сметам дека вакви инциденти не смеат да поминат без казна“, кажа нападнатиот Американец.