Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ испрати порака пред почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.
Србинот зборуваше за неколку теми, а една од нив беше крајот на неговата кариера, кој најверојатно нема да дојде за брзо.
„Не размислувам за пензија, иако многумина би сакале да се повлечам. Таа наша ера ќе продолжи сè додека некој од нас се натпреварува. Доаѓаат и помлади, кои ќе бидат носители на спортот во иднина“, кажа Ѓоковиќ.