Алкараз ги налути Србите пред мечот со Ѓоковиќ: Очекувам реприза на Вимблдон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финале на Олимписките игри во Париз, откако го декласира Канаѓанецот Феликс Оже Алиасим во полуфиналето со 2-0 во сетови.

Алкараз во финалето на игрите во Париз ќе се бори против Новак Ѓоковиќ, кој претходно беше подобар од Лоренцо Мусети.

„Се надевам дека ќе биде како на Вимблдон. Очекувам реприза. Секогаш е тешко кога ќе се соочите со Новак, тоа е одличен и тежок предизвик. Ќе се обидам да го направам истото од претходните дуели“, кажа Алкараз.