Камавинга ги оштети лигаментите, па испрати порака до навивачите (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на сезоната затоа што остана без Едуардо Камавинга кој се повреди.

Камавинга ги скина лигаментите на тренингот на „кралевите“, па ќе мора да паузира околу два месеци.

„Разочаран сум што се повредив и ќе го пропуштам стартот на сезоната. Сепак, ќе работам напорно да се вратам набрзо на теренот. Ви благодарам за поддршката“, напиша Камавинга.