Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ирскиот борец Конор Мекгрегор требаше да се врати во рингот во јуни годинава и да се бори против Мајкл Чендлер, но се повреди и поради тоа ја продолжи паузата.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт не беше среќен по откажување на битката, но посочи дека враќањето на Мекгрегор не би се случило пред крајот на годината.
Мекгрегор на социјалните мрежи се јави по коментарот на Вајт и побара борба во декември.
„Дена, декември е месецот. Да ја завршиме годината со спетакл. Следниот месец одам на подготовки и можам да се борам. Мислам дека го заслуживме декември“, напиша Мекгрегор.