Лига на шампиони почнува во нов формат, Македнија има четири претставници (Фото)

Лигата на шампиони (ЛШ) од оваа сезона ќе се игра во нов формат со 36 учесници во лигашки дел, а ждрепката за натпреварувањето ќе се одржи од 18 часот.

Натпреварувањето ќе почне на 17 септември, а секој од тимовите ќе одигра по осум натпревари, наместо досегашните шест дуели.

Македонија ќе има четири претставници, а тоа се Елиф Елмас со Лајпциг, Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загре и Бојан Миовски со Жирона.