Почина олимписката маратонка која беше запалена од поранешното момче


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Олимписката маратонка Ребека Чептегеи го загуби животот, откако пред неколку дена нејзиното поранешно момче ја полеа со бензин и ја запали.

Чептегеи се здоби со изгореници на 80 отсто од телото по нападот, а властите соопштија дека била нападната додека се враќала дома од црква.

Напаѓачот бил примен во болница, затоа што исто така имал изгореници, а наскоро се очекува судска постапка против него.