Војна во Франција: Мењан ги нападнал Мбапе и Гризман!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франција загуби од Италија со 1-3 на домашен терен на стартот на новото издание на Лигата на нации.

„Л’Екип“ објави дека по поразот следела вербална војна во соблекувалната на „триколорите“, каде што во главна улога бил голманот Мајк Мењан.

Чуварот на мрежата на Милан ги нападнал Килијан Мбапе и Антоан Гризман, односно ги обвинил дека не се трудат доволно за репрезентацијата, како што тоа го прават за нивните екипи.