Реал Мадрид го има највредниот состав во светот


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според последните информации на „Трансфермаркт“, Реал Мадрид е на врвот на листата со највредни клубови и неговата вредност се проценува на 1,34 милијарди евра.

Килијан Мбапе е највреден фудбалер на „кралевите“, а друштов му прават Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, односно сите вкупно вредат 540 милиони евра.

Зад триото следи Федерико Валверде со вредност од 120 милиони евра, а потоа следи Родриго со 110 милиони, па Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени со по 100 милиони евра.