Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Микел Артета не планира да замине од Лондон, а тоа го потврди со потписот на нов тригодишен договор со Арсенал.
Шпанецот во текот на летниот преоден рок кажа дека клубот е фокусиран само на засилувања, а потоа ќе се разговара за неговата иднина.
Артета стави потпис до 2027 година, по што кажа дека е задоволен од односот со сите во клубот.
„Задоволен сум од односот кој го имам со сите во клубот. Имам среќа секој ден да соработувам со квалитетни и амбициозни луѓе. Се чувствувам инспирирано, чувствувам дека работата ми е предизвик, ја чувствувам поддршката на сите, па сакам да донесам уште поголеми постигнувања од тие до сега“, кажа Артета.