„Манчестер јунајтед со Тен Хаг е километри оддалечен од титулата“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед има шест бодови негатива зад лидерот Манчестер сити, иако се најавуваше дека оваа сезона ќе ја нападне титулата.

По лошите резултати на почетокот на сезоната, тренерот Ерик Тен Хаг веднаш доби критики од јавноста, но и поранешниот напаѓач Двајт Јорк.

„Манчестер јунајтед со Тен Хаг е оддалечен милиони километри од титулата. По неговата прва сезона мислев дека ќе го повлече тимот напред, но Јунајтед нема перспектива“, кажа Јорк.