Манчестер сити и Интер ремизираа, Миовски не доби шанса против ПСЖ (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Манчестер сити одигра нерешено против Интер (0-0) во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), додека ПСЖ славеше со 1-0 против Жирона.

„Граѓаните“ често напаѓаа кон голот на Зомер, меѓутоа чуварот на мрежата на Интер беше на висина на задачата и успешно ги запре ударите на ривалот.

Интер имаше свои шанси, меѓутоа не го матира Едерсон, па мрежите мируваа до последниот судиски свиреж.

ПСЖ славеше со 1-0 со голот на Мендеш во 90. минута, додека македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса за Жирона.

Борусија Дортмунд, исто така, славеше со 3-0 против Клуб Бриж, додека Селтик со 5-1 го растури Слован Братислава.