Откриен фудбалерот со „најкраток фитил“ во Реал Мадрид

Белгискиот голман Тибо Куртоа се врати на голот на Реал Мадрид, откако минатата сезона пропушти голем број натпревари поради повреда.

Куртоа по мечот против Штутгарт откри кој е најголемиот лутко во редовите на шпанскиот и европски шампион.

„Кога играме натпревари на тренинзите, Карвахал има најкраток фитил. А кога победува е уште полош. Кога губи, подобро е да не му зборувате. Всушност, тоа е победничкиот менталитет кај Карвахал“, кажа Куртоа.