Тикет на денот (сабота, 21.09.2024)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес на „менито“ имаме натпревари кои се играат во најјаките лиги ширум Европа. Веруваме дека ќе направиме вистинска комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Вест Хем – Челзи – 2 @ 2.10 во Mozzart

Вест Хем има само една победа откако е започната новата сезона. Тие изиграа четири натпревари и остварија само една победа и едно реми, а останатите два дуели им се порази, па во моментов се на вториот дел на табелата. Челзи пак започна катастрофално поточно со пораз, а веднаш потоа врза две победи и едно реми, па тоа делува како почеток на една добра серија резултати. Ние овде очекуваме гостите да ја продолжат добрата серија резултати и да победат, па типуваме 2 со квота 2.10 во Mozzart.

Вердер – Баерн Минхен – 2/2 @ 1.95 во 22Bet

Вердер започна солидно во новата сезона. Тие од три изиграни дуели зедоа 5 бода и тоа искрено не е учинок за потценување. Во моментов се на 8-та позиција и досега прикажаа солидна игра во домашното првенство. Баерн Минхен буквално гази се пред себе. Во Германија се единствен тим без кикс во новото издание на Бундес, а пред неколку дена го „изгазија“ тимот на Динамо Загреб на натпревар во рамките на Лигата на шампиони кој заврши со резултат 9:2 во корист на Баварците. Овде очекуваме Баерн да доминира и типуваме 2/2 со квота 1.95 во 22Bet.

Валенсија – Жирона – 1Х @ 1.50 во 20Bet

Валенсија е тим во Шпанија кој во моментов ја носи титулата на најголемо разочарување во лигата. Имено, тие се на последната позиција и од пет изиграни натпревари зедоа само еден бод што е навистина поразителен факт. На гости овој пат им оди Жирона, тимот кој е дел од ЛШ и кој искрено сметаме дека нема капацитет за да издржи толку напнат распоред. Ние веруваме дека Валенсија овој пат на домашен терен ќе стигне до првата победа, но некако посигурно ни делува да типуваме двојна шанса 1Х со квота 1.50 во 20Bet.

Кардиф – Лидс – 2 @ 1.65  во Bet365

Кардиф е во многу лоша форма и делува како овој тим да е во некоја криза. Тоа може да се докаже со резултатите од последните пет натпревари каде што овој тим освои само еден бод, поточно запиша четири порази и само едно реми. За разлика од нив, Лидс после двете врзани победи во последниот натпревар запишаа пораз Барнли и тоа беше доста изненадувачки резултати. Овде очекуваме гостите да ја искористат лошата форма на Кардиф, па типуваме 2 со квота 1.65 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet36510.14

Извор:Тикет на денот од Kladenje.mk