Пеп краде на Мурињо „договорено“ засилување!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Означен е како прва мета на Јунајтед во оваа зима, може да стигне во Манчестер но не во овој дел на тој град во кој се претпоставуваше дека ќе стигне.

    Веќе некое време е познат планот на Пеп Гвардиола, дека во наредните година дена во целост ќе ги замени бековските линии на Сити.

    Од сите бекови најмалку загрозен делува српскиот репрезентативец Александар Коларов, но ни на него местото не е сигурно.

    Што се однесува до другата страна, тука Сити може да се засили веќе во јануари. Наводно Пеп е загрижен за играчите кои ги има на располагање по десната страна, па спремен е да се активира веќе во јануари.

    Според наводите на медиумите во Британија, тој веќе и има мета, а во прашање е 22-годишниот фудбалер на Монако Фабињо.

    Ова момче во летото беше голема желба на Жозе Мурињо, не ја промени средината во текот на минатиот преоден рок, и се верува дека тоа може да го направи во наредниот.

    Сега прсти вмеша Гвардиола, како финансиите не се проблем на ниту еден од манчестерските клубови, јасно е дека ќе се води голема борба околу потписот на одличниот бек.

    Ќе пресуди желбата на Бразилецот, дали да заигра под Пеп или Мурињо.

    Според поранешниотг тренер на Тотенхем, Пеп се спрема да зададе уште еден удар на португалскиот колега, а повеќе за тоа ТУКА.