Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нашите соседи Србија и Албанија заеднички ќе организираат Европско првенство за фудбалери до 21 година, а турнирот ќе се одржи во 2027 година.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека единствената понуда пристигнала од Србија и Албанија за заедничка организација.

Двете држави во следниот период треба да ги испратат деталните планови за организацијата, а според најавите, УЕФА речиси сигурно ќе ја прифати понудата и ЕП во 2027 година ќе се игра на осум стадиони.