„Го купивме Роналдо само за да не потпише за Манчестер сити“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер открива дека Кристијано Роналдо се вратил на „Олд Трафорд“ само за да не потпише за градскиот ривал.

Солскјер призна дека потегот на „црвените ѓаволи“ бил погрешен, но намерно бил направен за да се спречи негов трансфер на „Итихад“.

„Еден од најдобрите фудбалери во последните 15 години е Роналдо. Има историја во Манчестер. Заминуваше од Јувентус и не смеевме да дозволиме да потпише за Манчестер сити. Таму најверојатно ќе беше подобар, но ние го убедивме да дојде кај нас“, кажа Солскјер.