Винисиус го мрази „пола свет“, но со потег среде меч го покажа вистинското лице (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико и Реал ремизираа (1-1) во навистина возбудливото дерби на Мадрид. Натпреварот беше прекинат во еден момент поради гаѓање на навивачите кон Тибо Куртоа, но целото внимание беше насочено на она што го направи Винисиус Жуниор на полувремето.

Винисиус веќе долго време е на мета на навивачите на мадридскиот тим. Огромни навреди за време на натпреварите, расистички извици и кукли обесени од мостовите во Мадрид, се нешта на кои Бразилецот се навикнал од навивачите на големиот ривал, но тој минатата ноќ покажа извонредна почит кон Атлетико.

Сцената од теренот по означувањето на крајот на првото полувреме покажува дека Бразилецот сепак има доволно почит, иако често се смета за провокатор.

При заминување во соблекувалната, Бразилецот беше во прегратка на ѕвездата на Атлетико, Антоан Гризман, а потоа направи потег за секоја пофалба.

Винисиус не сакаше да ја гази грбот на Атлетико кој беше поставен на влезот во тунелот. На снимката јасно се гледа како го заобиколува и така ја покажа својата почит кон ривалот.