Повредата на Карвахал го вклучи алармот во Реал Мадрид (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 2-0 против Вилјареал во Ла Лига, но победата падна во сенка на повредата на Дани Карвахал.

Карвахал се здоби со повреда на коленото и поради тоа ќе оди на дополнителни медицински прегледи да се утврди дали капитенот ги скинал лигаментите.

„Повредата на коленото изгледа многу сериозно и сите во соблекувалната сме тажни. Сите сме загрижени поради повредата. Вакви работи ни се случуваат поради згуснатиот распоред“, кажа тренерот Карло Анчелоти.

„Кралевите“ се на делба на првата позиција со Барселона, односно имаат по 21 бод.