До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Потпретседателот на Милан Адријано Галијани откри кој вечерва претстојуваше во соблекувалната на Милан.
Милан со 1:0 го совлада Јувентус, а голот на одлука го постигна младиот Локатели.
Следеше после натпреварот големо славје, Галијани е воодушевен.
„Чувствувам радост. Само што разговарав со претседателот и тој е истотака среќен. Во последните шест кола освоивме 16 бодови. Тоа е нешто неверојатно“, рече Галијани, кој е воодушевен од Локатели и Донарума.
„Победата ја донесоа деца родени во 1998 и 1999 годиина. Интервенцијата на Џиџи на крајот ме потсетува на таа на Абијати против Перуџа, кога го освоивме Скудетото“.
Откри кој бил гостин во соблекувалната на Милан.
„Не посети Сулеј Мунтари. Разговараше со мене вечерва, но нема да ви кажам се што ми кажа“, истакна Галијани.
Мунтари порано играше за Милан неколку сезони, а сега е член на Итихад.















