Манчестер јунајтед е подготвен да ангажира Шпанец како замена за Тен Хаг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со секој поминат ден, сè повеќе изгледа дека Ерик Тен Хаг е човек на кој му се броени деновите во Манчестер јунајтед. Изгледа дека холандскиот тренер едноставно не може да биде успешен на „Олд Трафорд“.

Досега оваа сезона, „црвените ѓаволи“ имаат само три победи (1-0 над Фулам, 3-0 над Саутемптон и 7-0 над Барнсли).

Тоа е ужасен резултат за клуб од рангот на Манчестер јунајтед и може да биде крај за Тен Хаг по ремито со Астон Вила.

„Црвените ѓаволи“ веќе бараат замена. Според каталонскиот медиум „Насионал“, премиерлигашот е подготвен да потпише со поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандез и да го постави за наследник на Тен Хаг.

Чави беше главен тренер на Барселона две и пол сезони во кои ја освои Ла Лига еднаш и неговиот тим играше добар фудбал