Бербатов: Ако Еванс е играч на мечот, тогаш сите други треба да се засрамат!

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов имаше само критики на сметка на неговиот бивш клуб по ремито со Астон вила (0-0).

За играч на натпреварот беше прогласен ветеранот Џони Еванс, а тоа предизвика реакција од поранешниот бугарски напаѓач.

„Сите што се појавија на теренот треба да се засрамат. Еванс беше најдобар играч, младите треба да го следат неговиот пример и да помогнат за подобри резултати“, кажа Бербатов.

„Ѓаволите“ се наоѓаат на 14. место во Премиерлигата со само осум освоени бодови.