Манчестер јунајтед руши негативни рекорди, а Тен Хаг вели – ова е четврти меч без примен гол!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед освои само осум бодови по седум одиграни натпревари во Премиерлигата и така тренерот Ерик Тен Хаг урна уште еден негативен рекорд.

„Ѓаволите“ се полоши и од минатата сезона, но тренерот Тен Хаг смета дека неговите избраници не се ужасни туку ги пофали поради четвртиот меч без примен гол.

„Ова е четврти меч без примен гол оваа сезона. Јасно може да го видите нашето заедништво“, гласи пораката на Тен Хаг.

Јунајтед по седум одиграни меча се наоѓа на 14. место во лигата со само осум освоени бодови.