Едерсон ги пакува куферите и заминува од Манчестер сити


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер сити би можел да остане без услугите на бразилскиот голман Едерсон, објави „Дејли Мејл“.

Британскиот медиум пишува дека ПСЖ сака да го ангажира Едерсон како прв голман на тимот, по што ќе го продаде Џанлуиџи Донарума.

Едерсон брани за „граѓаните“ од 2017 година, а оваа сезона на девет меча прими девет погодоци и двапати ја зачува мрежата.

Вредноста на Едерсон се проценува на 35 милиони евра, а и претходно тренерот Пеп Гвардиола откри дека Бразилецот сакал да замине, но не пристигнала добра понуда.