Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид има доста проблеми со повредите, па затоа Флорентино Перез размислува по итна постапка во клубот да врати легенда.
Милитао е повреден, а се повреди и Карвахал и тоа доживеа повреда на лигаментите така што го чека долга пауза.
Затоа во Реал Мадрид не седат со скрстени раце и во текот на репрезентативната пауза бараат решение за новонастанатата ситуација.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Флорентино Перез ќе се обиде по итна постапка да го доведе Серхио Рамос, легендата на „Кралевите“.
Овој дефанзивец играше 16 години за Реал Мадрид и освои сè што може да се освои со овој клуб.
.