До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан синоќа во дербито на колото во Серија А го совлада фаворитот Јувентус со 1:0. Херој на мечот беше 18-годишниот талент на Росонерите Мануел Локатели.
Локатели во мечот против Сасуоло го постигна својот прв професионален гол, и тоа од работ на шеснаесетникот и беше вистинско ремек дело.
Нов фантастичен гол постигна и против Јувентус, за голема победа неговиот тим.
После мечот Мануел Локатели не можеше да ги сокрие емоциите по големата победа.
„Сеуште не сфаќам што сум направил. Постигнав гол против најдобриот голман на светот и се доближивме на два бода до водечкиот на табелата.
Овој гол припаѓа на сите, мојата фамилија, баба и дедо, чичковците и роднините, кои се навивачи на Милан но вечерва поради мене навиваа за Јувентус. Мојата тајна? Не знам. Можеби сум и среќен. Морам да продолжам вака, но секогаш со нозете цврсто на земја. Не можам да дочекам да го видам голот на повторена снимка“.
Милан со оваа победа се доближи на 2 бода од водечкиот Јувентус, а во следното коло во вторник се среќава со Џенова.















