Надал преку емотивно видео најави крај на кариерата!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал објави дека ја завршува професионалната кариера.

Надал ќе остане запаметен по 22 гренслем-титули во кариерата, но и 209 недели поминати на првото место на АТП-листата.

Шпанецот имаше сериозни проблеми со повреди во изминатите две години и ретко играше на тениските терени.

Надал во видеото им се заблагодари на навивачите, ривалите, стручниот штаб, но и семејството за поддршката во изминатите години.