Поранешен фудбалер од Премиерлигата уапсен за силување на жена во хотел


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешен фудбалер од Премиерлигата е уапсен под сомнение за силување на жена во хотел во Лондон. 24-годишникот бил задржан од полицијата во хотел во Вестминстер во среда откако една жена го пријавила случајот.

„Сан“ тврди дека жената го запознала фудбалерот, кој не може да биде откриен поради правни причини, во бар во Централен Лондон пред да се врати во хотелот од пет ѕвезди. Таа тврди дека играчот тогаш ја „нападнал и силувал“.

Како што објави „Мирор“, тој бил уапсен непосредно пред 10 часот. Потоа бил пренесен во полициска станица за испрашување пред полицијата да го изврши форензичкото испитување на собата, за која се знае дека чини 750 фунти за ноќ. Полицијата исто така ги анализира снимките од хотелот.

Фудбалерот, за кој се разбира дека ја негира обвинението за силување, бил пуштен под кауција до средина на декември, чекајќи дополнителни полициски истраги. Тужителката е пренесена во центар за советување за силување и е поддржана од специјализирани полициски службеници.

.