Перез сака да го врати Крос на „Сантијаго Бернабеу“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го врати Тони Крос на „Сантијаго Бернабеу“ само во поинаква улога.

Крос ја заврши кариерата ова лето по Европското првенство (ЕП), а претходно се збогува и со „кралевите“ на крајот од сезоната.

Перез, наводно, сака да го врати Крос во Мадрид, односно да го приклучи на стручниот штаб на тренерот Карло Анчелоти.

Крос веќе се запишал на курс на УЕФА и ова е првиот чекор кон неговата тренерска кариера, иако кажа дека не знае дали ќе остане во спортот по крајот на кариерата.