Прогноза од Италија: Ѓоковиќ повеќе никогаш нема да го победи Синер!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претседателот на Тениската федерација на Италија, Анџело Бинаги кажа дека Новак Ѓоковиќ никогаш повеќе во кариерата нема да го победи Јаник Синер.

Бинаги очигледно беше во еуфорија по победата на Синер на мастерсот во Италија и даде интересна прогноза.

„Ситуацијата се промени, Новак повеќе не може да го победи Синер. Верувам дека Синер ќе освои уште многу гренслем-титули, помлад е од Новак дури 15 години и може да стигне до 30 пехари“, кажа Бинаги.

Синер има одлична сезона зад себе во која освои дури седум титули.